сабота, 27 јули 2024

Во Тбилиси пак протест против законот за странско влијание, полицијата употреби солзавец

Неколку илјади Грузијци протестираа вчера во Тбилиси на вториот протест, повторно барајќи повлекување на предложениот закон за „странско влијание“, за кој се вели дека е инспириран од сличен закон за „странски агенти“ во Русија и дека има цел да ја замолчи опозицијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Веејќи европски и грузиски знамиња, околу 10.000 луѓе се собраа во центарот на Тбилиси на прошетка наречена „Европски марш“ до парламентот.

Потоа се обидоа да стигнат до бината што беше поставена пред собирот на симпатизерите на владејачката партија Грузиски сон – Демократска Грузија, а за да ги спречи во тоа, полицијата фрли солзавец.

Предлог-законот веќе предизвика еден протест на 15 април.

Владејачката партија Грузиски сон во почетокот на април најави враќање во процедура на тој контроверзен закон, од чија прва верзија се откажаа по големите протести во март 2023 година. Тогаш граѓаните и критичарите на власта оценија дека законот е инспириран од сличен закон во Русија, насочен против критичарите на власта и дека тој претставува „убиство на слободата“.

Вчерашниот собир беше организиран по повик од групите за човекови права и опозициските партии, кои досега беа на маргините во борбата, која главно ги мобилизираше младите.

„Тој закон, како и оваа влада, не се во согласност со историскиот избор на Грузија да биде членка на Европската Унија“, изјави за АФП Нико Гварами, лидер на опозициската партија Ахали, кој беше на протестот.

Грузија, поранешна советска република на Кавказ, пред две децении се сврте кон Западот, ориентација што долго време ја поддржуваше поранешниот претседател Михаил Саакашвили, кој сега е во затвор.

Таа земја со години има амбиција да ги продлабочи односите со Западот, но опозицијата сега ја обвинува владејачката партија дека сака, напротив, да ја приближи поранешната советска република до Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ