недела, 19 мај 2024

Протест во Тбилиси, тепачка во парламентот на Грузија, сè поради контроверзен закон (ВИДЕО)

Околу 10.000 луѓе се собраа вечерва во Тбилиси на собир против конзервативниот закон за „странски агенти“, кој предизвика демонстрации од големи размери и минатата година, кога критичарите го оценија како „убиство на слободата“.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Владејачката партија Грузиски сон соопшти на почетокот на април враќање во процедура на контроверзниот закон, од чија прва верзија се откажа по големите протести во март 2023 година. Тогаш граѓаните и критичарите на власта оценија дека законот е инспириран од сличен закон во Русија, насочен против критичарите на власта.

„Не за рускиот закон“, извикуваа собраните пред парламентот, мавтајќи со националното знаме и знамето на Европската Унија, кон која Грузија тежнее.

Критичарите сметаат дека текстот е инспириран од законот кој Кремљ го користи за да се заштити од мешање на Западот во внатрешните работи на земјата.

Грузија со години има амбиција да ги продлабочи своите односи со Западот, но опозицијата ја обвинува владејачката партија дека сака поранешната советска република да ја приближи до Русија.

„Грузија нема да ѝ се предаде на ресоветизацијата“, порача на социјалната мрежа Икс претседателката на Грузија Саломе Зурабишвили, голем заговорник на приближувањето кон ЕУ, која има ограничени овластувања.

Во парламентот денес почна расправата за тој закон, но дојде до општа тепачка и прекин на седницата.

Законот би ги принудил организациите што добиваат повеќе од 20 отсто од своите средства од странство да се регистрираат под ознаката „организација што следи интереси на странска сила“.

Таа ознака е дури ублажена, бидејќи во првата верзија пишувало „агент со влијание од странство“.

Владата го брани нацрт законот кој од организациите ќе бара да покажат повеќе транспарентност во поглед на финансирањето. Целта е да се намали надворешното влијае преку невладините организации и медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ