сабота, 27 јули 2024

Во Судан стотици убиени и илјадници ранети, конфликтот не покажува знаци на стивнување (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Стотици луѓе се убиени, а илјадници се ранети откако долготрајната борба за превласт во земјата меѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) ескалира во конфликт на 15 април. Насилството го потресе главниот град Картум и западната провинција Дарфур и покрај многубројните ветувања за прекин на огнот.

Армијата и РСФ заедно ја соборија владата со државен удар во 2021 година, но сега тие се борат меѓусебно за власт, со што го стопираат процесот на транзиција кон демократија и се закануваат да го дестабилизираат кревкиот регион. Двете страни рекоа дека официјалниот прекин на огнот, кој требаше да истече на полноќ, ќе биде продолжен за дополнителни 72 часа, што РСФ го нарече одговор на меѓународните, регионалните и локалните апели.

Војската рече дека се надева дека бунтовниците ќе го почитуваат договорот, но веруваат дека имаат намера да продолжат со нападите. Најмалку 528 лица загинаа, а 4.599 се ранети, соопшти Министерството за здравство. Обединетите нации забележаа сличен број загинати, но веруваат дека реалната бројка е многу поголема.

Конфликтот предизвика страв од граѓанска војна, принуди десетици илјади луѓе да побегнат во соседните земји и го запре процесот на транзиција, кој е поддржан од меѓународната заедница, а чија цел е формирање демократска влада.

Главниот командант на војската, генералот Абдел Фатах ал Бурхан, рече дека никогаш нема да седне на маса со началникот на РСФ, генералот Мохамед Хамдан Дагал, познат и како Хемедти, кој пак рече дека ќе разговара дури откако армијата ќе ги прекине непријателствата.

Во главниот град Картум, армијата се бори против силите на РСФ, вкопани во станбените области. Припадниците на поагилната РСФ досега се ширеа низ градот додека подобро опремената армија се обидува да ги гаѓа од воздух со беспилотни летала или борбени авиони.

Конфликтот избрка десетици илјади луѓе преку границите на Судан и предизвика стравувања дека земјата може да пропадне, дестабилизирајќи го регионот, што ги натера странските влади да ги евакуираат своите државјани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ