недела, 22 декември 2024

Во Србија е уапсен Милан Радоичиќ поради најновиот судир на северот на Косово

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека денес полициски службеници на Управата на криминалистичката полиција извршиле претрес на станот и други простории во сопственост на Милан Радоичиќ, на кој му е одредено полициско задржување до 48 часа.

Објавено на

часот

Сподели

Радоичиќ со казнена пријава е приведен во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Адвокатот на Радоичиќ, српски бизнисмен и поранешен потпретседател на партијата Српска листа, неодамна на прес-конференција кажа дека Радоичиќ ја прифатил одговорноста за организирање на оружениот судир кај Бањска.

„Ги информирам сите дежурни прогонители на српскиот народ, од (косовскиот премиер Аљбин) Курти до многубројните странски помагачи, дека лично ги извршив сите логистички подготовки за одбрана на народот, а овој чин нема врска со мојот претходен политички ангажман. За ова не известив никого, ниту српските власти, ниту од нив имав каква било помош бидејќи уште тогаш имавме различни ставови околу прашањето на отпорот кон теророт на Курти“, се наведува во соопштението кое го прочита адвокатот на Радоичиќ.

„Поради прифаќањето политички причини, смирувањето на ситуацијата, повеќе пати се повлекувавме бидејќи ни беше кажано дека на тој начин ќе придонесеме на деескалација, а дека Кфор ќе преземе сè што е потребно за да го заштити српскиот народ. Меѓутоа, ваквото смирување на ситуацијата другата страна не го прифати како добра волја, туку како слабост“, се наведува во соопштението.

„Како резултат на тоа, од ден на ден се зголемуваат активностите на силите на Курти кои нелегално го окупираа северот на Косово. Едноставно, сите методи на отпор до сега не дадоа никакво подобрување на животот, туку засилување на бруталноста на режимот на Курти. Во таква атмосфера се одлучив на тој чин“, прочита адвокатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ