Според него, незгодата се случила во 17 часот и 33 минути меѓу патнички моторни возила „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР и „опел“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на М.А. (52) од Струга.
„Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на опелот, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Патниците во полициското возило, Д.П. (29) и Д.К. (28), двајцата од Скопје и Д.Ј. (31) од Куманово, се префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување лекарска помош. За карактерот на нивните повреди ќе следува дополнителна информација“, изјави Димоски.
Увид на местото на незгодата вршат полициски екипи.