четврток, 30 јануари 2025

Во Софија заеднички концерт по повод роденденот на Гоце Делчев

По повод 153-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, на 4 февруари во Воената академија „Г.С. Раковски“ во Софија ќе се одржи свечен концерт со класична музика и поезија. Денешната академија „Г.С. Раковски“ беше училиштето каде што учел Делчев во Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот го организира Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ од Бугарија, под покровителство на бугарскиот претседател Румен Радев.

На концертот, како што информираат од фондацијата „Гоце Делчев“, ќе учествуваат Илина Митревска – сопран од Македонија, Нели Динева – сопран од Бугарија, Валентина Божиновска – поезија од Македонија, Елисавета Шапкарева – поезија од Бугарија, Љупка Биаџони-Гутенберг – диригентка од Германија и Софискиот симфониски оркестар.

На концертот се поканети членови на националните собранија на Бугарија и Македонија, како и бугарската и македонската влада.

Заедничките чествувања на Гоце Делчев започнаа во 2017 година, и во Македонија и во Бугарија, откако тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов го потпшиаа догвоорт за добрососедство и пријателство, но поради тензичните односи по бугарското вето, тие брзо прекинаа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ