понеделник, 30 декември 2024

Во случај на војна во бункерите на Данска може да се сместат 3,6 милиони луѓе

Данска е подготвена успешно да го заштити населението во случај на војна или природна катастрофа. Оваа скандинавска земја има простор да смести најмалку 3,6 милиони луѓе во подземни бункери доколку некогаш има потреба да го засолни населението.

Објавено на

часот

Сподели

Подземните засолништа и бункери би собрале околу 61% од данското население, пишува данскиот дневен весник „Јиландс Постен“, додавајќи дека последниве две години властите го прошируваат просторот за засолништа.

Чекорот за ревизија на подземните бункери, вклучително и јавните засолништа и места во домовите како дополнителни простории под гаражите, започна во 2022 година поради руско-украинската војна.

Некои безбедни простории се користат за други намени во мирновременски услови и треба да бидат подготвени за употреба во време на потенцијална криза, според ревизијата.

„Процената на сегашната воена безбедност не покажува дека постои воена закана против Данска. Бидејќи засолништата се предвидени да ги користат граѓаните при воени дејства во Данска, не постои акутна потреба од подготовка на засолништата и безбедните простории“, стои во соопштение објавено од данското Министерство за надворешни работи.

Сепак, Министерството ги предупреди своите граѓани дека доколку се прошири нуклеарна емисија од воена Украина во Данска, населението треба да се засолни во затворени простории за да се избегне ризик од радијација.

Министерството информира дека данските општини се одговорни за јавните засолништа, а одговорноста за безбедните простории е на сопственикот на зградата под надзор на општините во однос на нивното подготвување за употреба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ