И на Каспер ќе му се прави обдукција која ќе треба да покаже од што пцовисало животното, дали од природна смрт или човечка негрижа. Тој беше стар 12 години, а исто толку има и Флопи.
Десетина години овие животни ги чуваат двајца вработени, а претходниот директор Кристијан Стаменов ги тргна и на нивно место пред околу 2 години вработи нови чувари кои беа ангажирани околу чувањето на двете жирафи.
Причината за смрт ќе се знае откако ќе завршат сите постапки и анализи.
„Со голема тага, неверување и скршени срца, ве известуваме дека нашиот Каспер утрово ненадејно не напушти. Жирафата Каспер имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година. Скршени се срцата на сите вработени, бидејќи Каспер беше наш омилен. Јавно ќе биде соопштено што е причината за смртта, откако ќе ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата која беше извршена утрово од страна на Ветеринарниот факултет. Никогаш заборавен и непреболен, наш Каспер, трчај на небесната савана“, напишаа на официјалниот фејсбук-профил на ЗОО Скопје.