Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за нерегистрирани возила…, се појаснува во соопштението.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.