Како што соопшти МВР, изречени се и седум санкции за возење без возачка дозвола, четири за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест за минување на затворен сигнал – црвено светло, две за некористење сигурносен појас…
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, наведуваат од МВР.