петок, 18 октомври 2024

Во Скопје беше финалниот концерт на Белградска филхармонија со легендарниот диригент Мехта

Објавено на

часот

Сподели

Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска го изрази своето задоволство од успешните концерти и ја истакна нивната улога во натамошното зајакнување на културните односи во рамките на Отворениот Балкан. Таа истакна дека ваквите настани служат како силен поттик за афирмација на локалните вредности во европски контекст.

„Нашето единство во различностите е пораката што нé води низ евроинтеграциските процеси. Вака обединети, ние сме уште поголема сила за афирмација на локалните вредности пред Европа“„ истакна вечерва министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа ја најави и претстојната заедничка изложба во Париз, настан кој дополнително ја нагласува посветеноста на Отворен Балкан за споделување и промовирање на уникатното културно наследство во европски рамки.

Успешното завршување на оваа серија концерти ветува добро за иднината на културната размена и соработка во рамките на Отворениот Балкан и дополнително ги зајакнува нивните заеднички европски аспирации, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ