сабота, 19 октомври 2024

Во Сингапур извршена трета егзекуција за нешто повеќе од една недела

Објавено на

часот

Сподели

Државниот завод за дрога соопшти дека казната е извршена денеска. Според судските документи, Мохамед Шалех работел како доставувач пред да биде уапсен во 2016 година. За време на судењето тој тврдеше дека верувал дека доставува шверцувани цигари за пријател на кој му должел пари, пишува Гардијан.

Тој стана 16-тиот затвореник осуден на смрт откако владата ги продолжи егзекуциите во март 2022 година по двегодишна пауза за време на пандемијата на коронавирус. Егзекуцијата, петтото бесење оваа година, доаѓа помалку од една недела откако Сингапур ја погуби првата жена по речиси 20 години поради трговија со дрога.

Саридеви Бинте Џамани, 45-годишна Сингапурка, беше егзекутирана во петокот поради поседување околу 30 грама хероин. 57-годишниот Мохд Азиз бин Хусеин беше обесен два дена претходно поради поседување околу 50 грама хероин. Обединетите нации го осудија бесењето и го повикаа Сингапур да воведе мораториум на смртната казна.

И покрај зголемениот меѓународен притисок за ова прашање, Сингапур инсистира на тоа дека смртната казна е ефикасно спречување на трговијата со дрога. Богатиот финансиски центар има некои од најстрогите закони против дрогата во светот. Продажбата на повеќе од 500 грама канабис или повеќе од 15 грама хероин може да резултира со смртна казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ