петок, 18 октомври 2024

Во септември ВЛТ исплати повеќе од 1 милион евра за играчите на видеолотарија

Повеќе од еден милион евра или 67.880.849 денари е збирниот износ кој Видеолотарија касинос Австрија им го исплати на играчите на видеолотариските терминали во септември за добивките Супер милионер, Милионер и за Мини џекпот. Во месецот имаше рекордни 22 Милионер џекпот, 4 Супер милионер и дури 2.161 Мини џекпот добивки.

Објавено на

часот

Сподели

4 добитници на Супер милионер се радуваа на вкупно 25.608.898 денари во текот на септември. Прва на која ѝ се насмевна среќата беше Ќ.С., која на 4.9.2024 освои Супер милионер вреден 6.565.639 денари, со играта 100 Супер хот. Следен во низата беше Ф.С. од Скопје. Тој благодарение на играта Супер хот, на видеолотариските терминали, освои Супер милионер џекпот вреден 6.127.971 денари. Уште еден скопјанец стана сопственик на Супер милионер вреден 6.172.506 денари на 17.09.2024 со Брнинг хот. Четвртиот добитник на оваа добивка е играч од Македонска Каменица, кој на 24.9.2024 освои 6.742.782 денари играјќи ја среќната игра Фрог стори.

Септември донесе радост за дури 22 играчи кои освоија Милионер џекпот. Тие заедно поделија фантастични 32.551.805 денари.

Забавата на видеолотариските терминали на Видеолотарија касинос Австрија, продолжува да носи нови среќни приказни и во октомври.

„Со гордост споделуваме дека во текот на изминатите 10 години од нашето работење, кон играчите на видиеолотариските игри на среќа, исплативме сензационални три милијарди денари. Компанијата работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа, што ни овозможи лидерска позиција на полето на електронските игри на среќа“, соопшти Видеолотарија касинос Австрија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ