среда, 25 декември 2024

Во Сараево е прогласен „аларм“ поради екстремно загадениот воздух

Сараево денеска трет ден по ред важи за еден од градовите со највисоко ниво на загаденост на воздухот во светот, а на ранг листата на интернет страницата Ервижуал во утринските часови беше трет, зад пакистански Лахоре и индиски Њу Делхи.

Објавено на

часот

Сподели

Индексот на загаденоста на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина изнесуваше 295 и беше на ниво што укажува на многу нездрав воздух.

Најголем проблем и понатаму е концентрацијата на опасните микрочестички прашина со ознака ПМ 2.5, бидејќи во воздухот имало 245 микрограми на метар кубен, што е 49 пати повеќе од количината што ја толерираат стандардите на Светската здравствена организација.

Таквата концентрација на овие честички прашина е категоризирана како опасна по здравјето.

Поради алармантната состојба со загадениот воздух и првичните препораки до жителите што помалку да престојуваат на отворено, Владата на Кантонот Сараево сега прогласи „аларм“ со примена на интервентни мерки во пет општини, а на територијата на другите општини остануваат на сила мерките од епизодата на предупредување.

Тоа значи забрана за сообраќај низ градот за возила со мотори стандард ЕУРО 3 и пониски и каде што е можно прекин на работата на сите објекти кои го загадуваат воздухот со испуштање прашина.

Епизодата „аларм“ пропишува максимално зголемување на капацитетот на јавниот градски превоз кој не ја загадува животната средина, како и обезбедување бесплатен јавен превоз или субвенционирани возни билети за време на траење на епизодата.

За високиот степен на концентрација на штетни материи во Сараево придонесуваат и временските услови во кои доаѓа до температурни инверзии, така што температурите во котлината се значително пониски од оние во околните планини, што создава густа покривка од магла над градот, а нема ветер да ја растера.

Метеоролозите прогнозираат дека во петок може да се очекува малку засилен ветер со врнежи од дожд што треба да придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ