Од НУ Центар за култура, домаќин и организатор на фестивалот најавија дека на сцените во Битола ќе настапат Севар Иванов од Бугарија, Здравко Стојмиров и Иван Ангелов од Северна Македонија, Седа Елхан од Турција, Деспина Сарафеиду од Грција, Арам Хованисјан од Ерменија, Јулија Кудрјашова од Казахстан, Теа Шимиќ од Хрватска и Абдула Маасуд од Обединетите Арапски Емирати-ОАР.
Во чест на наградените, на свеченото затворање што ќе се одржи на 31 мај, ќе биде одиграна претставата на Драмски театар-Скопје, „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Сајмон Стивенс во режија на Зоја Бузалкова.