Повеќе десетици куќи, како и инфраструктура, се оштетени во нападите во изминатиот ден, соопштија локалните власти.
Околу 180 луѓе се евакуирани од Доњецк, изјави регионалниот гувернер Вадим Филашкин на Телеграм, пренесува Би-би-си.
Во руските напади, исто така, биле погодени инфраструктурни објекти, меѓу кои и далноводи во регионите Киев и Потлава, но таму нема повредени цивили, рекле официјални лица.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 87 од 160-те руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта.
Руската војска сѐ уште не ги коментирала нападите.