петок, 18 октомври 2024

Во Ресорт Маврово за најмладите бесплатни часови за скијање

Ресорт Маврово организира бесплатни часови за скијање за најмладите и многу забава за сите кои распустот ќе го минат на снежните падини на Бистра. Тимот на Ресорт Маврово подготви програма со која ќе го разбуди чувството за авантура и за откривање на снежните спортови за децата и тинејџерите, а притоа ќе можe да се забавуваат и дружат преку музика и хумор.

Објавено на

часот

Сподели

Искористете ја можноста распустот да го испланирате на еден поинаков начин и на децата да им понудите поинакво искуство на учење и дружење. Јануари во Маврово ќе биде исполнет со различни настани со многу активности и забава за најмладите и можности за социјализација на различни генерации и љубители на снежните спортови. За секого има по нешто, односно програмата која годинава ја подготви Ресортот Маврово, ќе ги задоволи желбите и на најмладите членови од семејството.

Ако децата најмногу учат едни од други, зошто да не научат и да скијаат на истиот начин. Во соработка со ски клубот Фокс, ќе се организираат три KIDZ SNOW настани каде децата стануваат инструктори по скијање. Односно, поголемите деца, бесплатно, ги учат помладите да скијаат. Резервирајте ги 13-ти, 20-ти и 27-ми јануари 2024 за детско дружење и практично совладување на основните вештини за скијање. Настаните почнуваат од 10 часот во околината на „крајна станица“.  Последниот ден, на 27 јануари 2024 ќе се поделат сертификати за успешно завршени тренинзи по скијање.

„На овој начин, се грижиме за социјализацијата на децата, кои ги учат вредностите на поддршка и помагање. Се создава навика кај дечињата дека треба да се учи, да се помага, да се спортува. Затоа тие помагаат на своите помлади другарчиња да научат да скијаат, низ игра и дружба“, вели Огњан Циговски од Ресорт Маврово.

Во текот на месецот се планирани и четири настани од Mavrovo Sound and Culture festival со фокус на детската забава и насмевките. Џуниор журката почнува на 6-ти јануари со настапот на  Биби и Боби, додека Дајте Музика ќе настапат на 13-ти јануари 2024 година. Веќе на 19 јануари 2024, на сцената ќе се појават членовите на Teen Kamp. Настапите почнуваат во 17 часот во Легранд арена.

За постарите тинејџери на 20 јануари, во 21 часот, во Легранд арена ќе настапат Лара и Пајак.

Ресорт Маврово годинава стартуваше со забавии настани со повеќе музички уметнички ѕвезди и за време на школскиот распуст да ги приближи природната убавина, скијањето и чистиот воздух до урбаната младина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ