Настанот практично претставуваше прв изложбен собир на колекционери од спортски и останати предмети во Македонија. Најголемите колекционери ширум целата држава, со своите квалитетни и многубројни колекции дадоа придонес во успешна промоција на настанот.
Овој настан предизвика големо внимание и кај помладата популација. Во рамки на настанот, сите посетители имаа можност да учествуваат во едукативно-информативна изложба на која беа презентирани ретки, уникатни и интересни предмети од историјата на светското и македонското фудбалското колекционерство.
Специјални гости на настанот беа Диме Димов, Јовица Трајчев, како и Иван Николов капитен на младинската У-21 репрезентација.