вторник, 11 февруари 2025

Во ПСУ „Јахја Кемал“ натпревар по математика-физика за добивање на стипендии

Од денот на отварањето и  почетокот на реализација на воспитно-образовна дејност, ПСУ „Јахја Кемал” постојано организира или е домаќин на повеќе научни, социјални, културни, спортски и други активности. Целта на овие активности е да се мотивираат учениците да посветат повеќе внимание на науката и образованието, а како резултат на постигнатиот успех од натпреварите да се наградуваат и да им се доделат стипендии за упис во нашето училиште.

Објавено на

часот

Сподели

ПСУ „Јахја Кемал“ в сабота со почеток во 11 часот организира натпревар по математика-физика за добивање на стипендија.

Во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје можат да се пријавуваат училиштата од општините Карпош, Гази Баба, Аеродором, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Центар, Чаир, Сарај, Бутел, Петровец, Илинден. Пријавувањето може да се реализира преку менторот или училиштето каде учи ученикот.

За подетални информации можете да не контактирате на овој контакт број 071/368-803.

Во ПСУ „Јахја Кемал“ – Тетово можат да се пријавуваат училиштата од општините  Тетово, Боговиње, Теарце, Желино, Брвеница, Јегуновце, Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше. Пријавувањето може да се реализира преку email адреса [email protected]   контакт број: 071/386-342.

Во ПСУ „Јахја Кемал“ – Струга можат да се пријавуваат училиштата од општините Охрид , Струга, Вевчани, Дебрца, Дебар, Ресен и Кичево . Пријавувањето може да се реализира преку email адреса: [email protected] контакт број 071/343-039.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ