„Црно-белите“ објавија дека 51-годишниот стратег потпишал договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една.
„Голема чест и предизвик за мене е да се биде тренер на Партизан. Без оглед на околностите кога добив повик немав ниту најмала дилема дали да прифатам. Мојата амбиција е преку напорна работа и посветеност да ја унапредиме нашата игра. Свесен сум за тежината на задачата и очекувањата од јавноста, но верувам дека со заеднички сили можеме да го вратиме Партизан каде што припаѓа“, изјави Благојевиќ.