петок, 24 јануари 2025

Лазаров пред СП: Имаме млади ракометари со потенцијал за големи резултати

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е оптимист во пресрет на Светското првенство кое нашите ракометари ќе го почнат од 15 јануари во Вараждин, Хрватска.

Објавено на

часот

Сподели

Лазаров го потенцира континуитетот на настапи на големите натпреварувања на Македонија.

„Од 2012 до 2025 година обезбедуваме присуство на секое големо натпреварување, нешто со кое може да се гордееме. Овој континуитет е редок дури и за многу поголеми држави. Мило ми е што заеднички успеавме да ја израдуваме јавноста и да покажеме дека македонскиот ракомет е стабилен и квалитетен“, вели селекторот Лазаров.

Македонија имаше одлични искуство од турнирите во Хрватска во 2009 и 2018 година, Лазаров се надева дека така ќе биде и овојпат.

„Имаме одлични искуства од Хрватска и убеден сум дека тоа може да се повтори. Нашите навивачи се нашиот осми играч, ја разбираат играта и ни ја даваат потребната поддршка во клучните моменти. Умерен сум оптимист затоа што ја познавам нашата енергија и новата генерација. Имаме млади играчи со карактер и потенцијал за големи резултати. Ќе почитуваме секој ривал, но нема да се плашиме. Во моментов сме насочени кон Унгарија, првиот и многу сериозен противник, но амбицијата ни е секогаш победа,“ рече Лазаров.

Македонија е во групата Д заедно со селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја. Првите три одат во втората фаза.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ