петок, 18 октомври 2024
На предлог на ОЈО ГОКК, а со одлука на Основниот кривичен суд Скопје

Во притвор завршија деветмина од вкупно 11 осомничени во истрагата за трговија со дете

Објавено на

часот

Сподели

Претходно ОЈО ГОКК соопшти дека под раководство на јавен обвинител во текот на вчерашниот ден припадниците на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи реализираа случај во кој се лишени од слобода 10 лица.

Реализацијата е резултат на повеќемесечна меѓуинситуционална соработка заради постоење на основи на сомнение дека е сторено кривично дело „трговија со дете“, извршено од страна на 11 идентификувани лица, соопштија од ОЈО ГОКК. Од МВР соопштија дека од 11 осомничени 10 се приведени а еден е надвор од Македонија. 

„Според наводите содржани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка летото 2020 година првоосомничената, го прифатила четиринаесетгодишното дете – жртва во својот дом, а подоцна ги прифатила и нејзините десетгодишна сестра и седумгодишен брат за да се грижи за нив поради нарушените односи во нивното семејство. Набргу потоа искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето – жртва, заканувајќи ѝ се и применувајќи други форми на присилба, започнала да го подведува детето на вршење полови дејствија со дел од осомничените и други НН лица за одреден паричен надомест. Честопати заканите кон детето – жртва биле поврзани со нејзините брат и сестра, дека доколку не ги прифати договорените сексуални активности, децата ќе ги остави во дом или ќе ги врати кај нивната мајка. Подоцна, уште тројца од осомничените, по претходен договор со првоосомничената, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист, две години, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација со останатите осомничени и други НН лица меѓу кои имало и жена. Осомничените корисници на сексуалните услуги, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со дете, на подведувачите им исплаќале паричен надомест во висина од 50 до 200 евра“, соопштија од ОЈО ГОКК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ