петок, 25 октомври 2024

Во притвор е лицето кое во алкохолизирана состојба нападна и удри полицаец во Битола

27-годишно лице е во притвор заради вчерашниот напад врз сообраќаен полицаец кого го удрил во главата и во вратот, соопшти Јавното обвинитество.

Фото МВР - илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 10 март, на крстосница меѓу улиците Партизанска и Михајло Андоновски во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба управувал со автомобил БМВ Х6. Двајца полициски службеници го запреле и се обиделе да го легитимираат, по што осомничениот најпрво започнал да ги навредува, а потоа и физички го нападнал едниот полицаец, удирајќи го по главата и вратот. Полицајците го совладале и го уапсиле.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ