вторник, 22 октомври 2024

Во пожар на југот на Кувајт загинаа 49 лица (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи на Кувајт соопшти дека повеќе од 49 лица загинале откако пожар зафатил зграда во која се сместени странски работници на југот на земјата.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Сопствениците на зградата ќе бидат најстрого казнети, изјави генерал-мајор Насер Абу Слаиб, директор на Секторот за информации и безбедност во Министерството.

Во тек е истрагата за причините за пожарот и идентификација на жртвите.

Шеикот на Кувајт Сабах Ал-Ахмад Ал-Џабер Ал-Сабах им наредил на надлежните службеници итно да ги истражат причините и околностите што довеле до несреќата, пренесува кувајтската новинска агенција Куна.

Потпретседателот на владата Фахад Јусуф Сауд Ал-Сабах ги обвини сопствениците на имот за неправилности и алчност, велејќи дека тоа довело до инцидентот.

Агенцијата Ројтерс ја цитираше изјавата на висок полициски функционер дека во станбениот дел на зградата имало премногу работници и дека многу од нив биле спасени, причина за бројните смртни случаи е задушување од чад.

Засега не се знае на кои работни места биле ангажирани повредените работници или нивното потекло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ