петок, 28 февруари 2025
Статистика

Во последното тримесечје од лани помалку деца и повеќе разведени бракови

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023, е намален за 4,2 % и изнесува 3.968. Бројот на умрените лица, пак, за истиот период бележи намалување од 1 % и изнесува 5.174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Природниот прираст е негативен и изнесува -1.206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 14,7 отсто во споредба со истиот период од 2023 година и изнесува 2.430 бракови.

Во ова тримесечје од 2024 година е регистриран 601 разведен брак, што претставува зголемување од 23,9 отсто во споредба со истиот период од 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ