Камионите влегуваат во Газа преку израелскиот граничен премин Керем Шалом, откако беа пренасочени од Рафа, според договорот меѓу египетскиот претседател Абдел-Фатах ел-Сиси и американскиот претседател Џозеф Бајден.
Помошта се трупа во Египет откако Израел на 7 мај започна воена операција за преземање на палестинската страна на граничниот премин Рафа со Египет, објавија израелските медиуми.
Не сакајќи да биде соучесник во преземањето на преминот од страна на Израел, Египет одби да го отвори Рафа се додека израелските сили не се повлечат од другата страна на границата.
Претседателите Сиси и Бајден во петокот во телефонски разговор се договорија привремено да испратат хуманитарна помош и гориво преку преминот Керем Шалом додека не се создадат услови за отворање на преминот Рафа од палестинска страна.