четврток, 26 декември 2024

Во Пиперово ловџија се самозастрелал бранејќи се од дива свиња

Ловџијата И.К., 31-годишен, вчера несреќно го загубил животот во атарот на селата Лесковица и Пиперово, пренесува штипската телевизија Стар.

Објавено на

часот

Сподели

Според неговиот татко несреќата се случила во момент кога И.К. бил нападнат од дива свиња, додека ги напасувал кравите. При пукањето тој се самоповредил. Неговиот татко го пронашол во бессознание. Тој го пријавил случајот на бројот за итни повици 112.

Подоцна итната медицинска помош констатирала смрт. Полицијата вчера информираше дека во атарот на штипското село Пиперово е пронајдено безживотно тело на млад маж, со прострелна рана. Што се случило на местото каде што е пронајден, дополнително ќе се утврдува.

Истрагата е во тек, а врз починатиот е извршена обдукација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ