четврток, 6 февруари 2025

Во петок повторно бојкот на продавниците низ регионот

Потрошувачката платформа „Хало, инспекторе„ за петок, 7 февруари најави повторен општо бојкот на продавниците и услугите поради рекордните цени, а од сабота седумдневен бојкот на еден трговски ланец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јосип Келемен, советник во платформата „Хало, инспекторе“, кажа дека повторно ќе бојкотираат и Србија, и Босна и Херцеговина, и Македонија, а се приклучува и Косово.

„Потрошувачите побараа да не се откажеме и да одиме понатаму. Одиме повторно на сите: од трговски ланци, пекарници, услуги, производи, платен промет“, им кажа Келемен на новинарите во Загреб.

Тој најави дека и овој петок ќе се бојкотира секој облик на купување производи и услуги, а од сабота се почнува бојкот на еден трговски ланец. За тоа кој ланец ќе биде, одлучуваат граѓаните во анкета објавена на страниците на платформата на Фејсбук.

Келемен додаде дека анкетата предизвикала голем интерес на граѓаните поради што два пати „паднал серверот“.

„На полноќ ќе ја затвориме анкетата и ќе објавиме кој ќе биде првиот ланец во седумдневниот бојкот. Сите (ланци) ќе дојдат на ред, но некој мора да биде прв“, кажа Келемен.

Според него, трговците не ја сфатиле пораката во претходните два општи бојкоти.

Како пример го наведе Конзум кој, како што кажа, ги кренал цените на еден производ над 60 отсто, пред неодамна да ги заклучи цените на 250 производи.

„(Трговците) буквално нè лажат, ни земаат сè што можат, парите кои тешко сме ги заработиле“, оцени Келеман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ