Рокот за собирање потписи започнува на 23 февруари – петок и завршува на 8 март, исто така петок.
„Поддршката за кандидатурата на професорката Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот.
Преку Левица, не само што народот ја изразува својата волја, туку и вистински учествува во демократскиот процес преку реална народна партиципативност. Ги повикуваме сите мотивирани, свесни и неуценети граѓани да ни се придружат во борбата“, изјави Апасиев.