Ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.5 %), Информации и комуникации (10.7 %) и Образование (10.6 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: дејности во врска со недвижен имот (7.5 %), образование (5.0 %) и градежништво (3.1 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2024 година, изнесувала 63.392 денари.