„Вчера во 21:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на фудбалски терен каде се одигрувал фудбалски натпревар во рамките на општинска фудбалска лига Охрид, едно лице физички го нападнало главниот судија“, стои во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи.
По целосно расчистување на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена пријава според Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар.