Ова е втора награда за Omni Creative што доаѓа од најпрестижниот фестивал во креативната индустрија. Пред 3 години за креирање на дизајнот на NOBULL… Omni Creative беше наградена со злато.
Дизајнот и визуелниот идентитет композитно ги одразува преференциите на брендот и преку елементите ги пренесува главните вредности што се лесно читливи и визуелно консумирани од потрошувачите. Изгледот на Medina ја одразува суштината на медитеранската богата и разновидна кулинарска традиција.
„Нашиот концепт се врти околу идејата за доловување на уникатниот спој на историјата, традицијата и модерноста на Медитеранот. Создадовме амбалажа која не само што го покажува врвниот квалитет на производите, туку и го слави културното наследство и уметноста на медитеранската кујна. Избравме топла и привлечна палета на бои што потсетува на медитеранското крајбрежје – длабока сина боја, портокалова, маслинесто зелена и песочна беж. Овие бои не само што ја одразуваат природната убавина на регионот, туку и предизвикуваат чувство на топлина и удобност. За да го нагласиме врвниот квалитет на производите, избравме висококвалитетни завршни материјали“, објасни Димитар Проданов сопственик на креативното студио Omni Creative.
Наградата е доделена од жири комисијата составена од 56 членови од 22 земји. MUSE Design Awards е еден од најреномираните фестивали во индустријата создаден од International Awards Associate (IAA) и се одржува секоја година во Њујорк. Како меѓународна платформа за награди, MUSE Creative and Design Awards привлекува големо меѓународно учество на креативни агенции што ги претставуваат дизајните за најголемите и најпознатите брендови глобално.
Оваа година беа пријавени 8.500 учесници со свои креации, а некои од најпознатите имиња се Lay’s / Netflix, Mattel, KFC, Walt Disney Studios, Warner Bros. Entertainment, Google, Nikon, Spotify, Mercedes-Benz, Leica Geosystem, Bank of The Philippine Islands, Tsingtao Brewery Co., Ltd и Genesis, како и Coach, NBCUniversal, CJ ENM, Gravity Global, Hong Kong Tourism Board, Aedas, Les Ateliers Louis Moinet SA, Ltd, Bells + Whistles и Geely Design