четврток, 26 декември 2024

Во Молдавија пронајдени делови од руски дрон

Граничната полиција во Молдавија соопшти дека на самата граница на таа земја со Украина пронашла нешто што според нивните изјави наликува на делови од руски дрон од иранско производство.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Во полициско соопштение се наведува дека фрагментите биле пронајдени синоќа во близина на селата Етулија и Владицени, а на нив стои натписот Херан-2, друго име за беспилотните летала Шахед од иранско производство што ги користи Русија во конфликтот со Украина.

Фрагментите се пронајдени на околу 500 метри од границата со Украина, во област со ограничен пристап, а во остатоците немало опасни елементи и немало никаква опасност за жителите на областа, пренесува Ројтерс.

На територијата на Молдавија, која се наоѓа меѓу Украина и Романија, досега неколку пати биле пронајдени фрагменти од руски дронови и проектили.

Фрагменти од дрон биле пронајдени и претходно во близина на истите села.

Молдавската претседателка Маја Санду ја осуди руската операција во Украина и ги издвои Москва и корупцијата како две најголеми закани за суверенитетот на нејзината земја, пишува Ројтерс.

Агенцијата додава дека Санду како своја главна политичка цел го постави стремежот за влез во Европската унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ