четврток, 16 јануари 2025

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како финансиер на параполициска воена формација

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања одговарајќи на поставено прашање дали има нови момент во насока на деталите кои претходно ги изнесе дека бил физички следен и дали може да се очекуваат докази врз база на спроведена истрага во рамки на институциите, рече дека според Извештајот на работата на Агенција за национална безбедност кој е декласифициран за јавноста, тогашните безбедносни служби го назначиле како организатор на параполициска воена формација и физички го следеле, но не само него туку предмет на следење било и неговото семејство, двата малолетни сина и неговата сопруга.

Објавено на

часот

Сподели

„Една од неколкуте институции кои што треба да се занимаваат со безбедноста на државата, наместо да се занимава со безбедноста на Македонија, се занимавала со физичко следење на претседателот на најголемата опозициска партија. И тоа го правеле на многу интересен начин. Како? Измислуваат извор во случајот ‘цилиндер’ кој што според нив доставува веродостојна информација. Конкретно таква информација доставил од објективни причини нема да ја кажам точната дата, туку ќе кажам некаде од почетокот на 2020 година чудно тоа коинцидира со изборите кои што тогаш се случуваат, во која што вели, внимавајте, параполициско воено вооружена формација. Претпоставувам најголем дел од вас биле параполициско воено вооружена формација составена од внимавајте го ова, македонски радикални екстремни и националистички настроени државјани кои имаа за цел во предизборието да вршат заплашување и закани на македонски граѓани за да издејствуваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. И ова е многу интересно, нарачател и финансиер на оваа параполициско воено вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи, е професор д-р Христијан Мицкоски. Јас сум тој кој што оваа параполициско воено вооружена формација ја финансирал, ја формирал“, рече Мицкоски.

Тој тврди дека за ова има траги и точно се знае кои се тие кои што го следеле.

Мицкоски вели дека неговото следење не запрело тука, туку дека во втората половина од 2020 година истиот извор на безбедносните служби „цилиндер“ известил дека Мицкоски бил виден со две жени на Водно како пешачи. Премиерот уште кажа дека во 2021 година за време на локалните избори бил следен, но овој пат изворот го добил името „џокер“.

„Изворот сега го добива името ‘џокер’ вели дека во манастирот Св. Јован Бигорски мојата средба со припадници на патриотско друштво не била случајна, туку тоа било средба која што јас сум ја остварил за да ја нарушуваме безбедноста и стабилноста на Македонија. Повторно алиби за да бидам физички покриван“, рече Мицкоски.

Во насока на ова, тој праша дали ова се европските вредности кои ги промовираше тогашната власт на СДСМ и ДУИ, посочувајќи дека мора преку реформи еднаш засекогаш да се стави крај на „овие злоупотреби со безбедносните служби“.

„И тоа не е сѐ. Тука се покривани и мојата сопруга, моето семејство и мојот малолетен син. И двајцата. И затоа е сега стравот. Не е стравот заради друго нешто. Овие европски вредности ги промовираа овие луѓе. Дали ова се вистинските европски вредности? Дали јас ви личам на човек кој што може да финансира пара полициско воено вооружена формација? Затоа треба на овие злоупотреби еднаш засекогаш со реформа во овие служби да им се стави крај, за да не им се случува на оние генерации кои што доаѓаат по нас. Затоа што ако ова им се случува, ништо не сме направиле, за бадијала ни е се и европски фронтови и балкански фронтови и било што, ако ние во 21 век имаме ваков начин на злоупотреба на работата на безбедносните агенции“, рече Мицкоски.

Премиерот уште кажа дека тој што го следел неговиот малолетен син ќе одговара.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ