недела, 22 декември 2024

Во МИОА се заведуваат одлуки со вчерашен датум за незаконски вработувања, обвинува Андоновски

Комлетно незаконски, со притисоци врз вработените во архивата на Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), денес се архивираат одлуки со вчерашен датум. Зошто? За да поминат нелегалните вработувања пред распишување на изборите, обвини денеска Стефан Андоновски, дополнителен заменик-министер во МИОА.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно законот за архивско работење член 15 од Уредбата на Владата за канцелариско и архивско работење не е дозволено заведување на предмети со претходен датум односно антидатирање на предмети. Сите документи/записи, писарницата ги испраќа истиот ден кога ќе ги прими потпишани или најдоцна ден по приемот“, вели Андоновски.

Тој го повика Управниот инспекторат и другите надлежни институции да влезат во Мнистерството за информатичко општество и администрација и да ги испитаат „логовите од ДМС системот кога се изработени документите, кога се заведени и со кој датум се заведени“.

„Гарантирам дека одговорност ќе има, или сега или после изборите“, категоричен е Андоновски во соопштението што денеска го испрати до јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ