петок, 25 октомври 2024

Во метрото во Њујорк ќе биде присутна Националната гарда. Ќе ги проверува торбите на патниците

Кети Хочул, гувернерката на државата Њујорк, ќе стави на располагање 750 војници на Националната гарда на полицијата во Њујорк кои ќе ги прегледуваат торбите на патниците на најпрометните станици на метрото, со цел да се подобри безбедноста.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На нив ќе им се придружат 250 членови на полицијата на државата Њујорк и полицијата на државната Метрополитен транспортна управа (МТА), која посебно ја надгледува Железничката станица (Гранд централ терминал) и станицата Пен, додаде Хочул.

Хочул ја донесе оваа одлука по неодамнешните напади врз патници во метрото кои го привлекоа вниманието на јавноста.

Иако криминалот во февруари падна за 15 отсто во споредба со истиот месец минатата година, Хочул, од редовите на демократите, верува дека статистиката нема да им помогне на патниците да се чувствуваат побезбедно.

„Нема на луѓето да им биде полесно ако им кажете дека работите се подобруваат, особено кога штотуку сте слушнале дека некој бил нападнат со нож и прободен во грлото или бил турнат на шините. Тоа е психолошки ефект“, рече Хочул.

Војниците на њујоршката Национална гарда, воена единица која заеднички ја контролираат федералните и државните лидери, немаат овластувања за апсење во време на мир, но ќе им помагаат на полицајците кои имаат такви овластувања.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, исто така демократ, кој некогаш патролирал во метрото како полицаец, распореди дополнителни 1.000 полицајци по зголемениот број напади и кражби во јануари.

Иако истакнува дека криминалот во њујоршкото метро е редок, со околу шест прекршоци дневно, главно кражби, сепак одлучил да ги врати проверките на торбите и ранците од претпазливост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ