петок, 31 јануари 2025

Во меч со седум гола Манчестер јунајтед го победи Ливерпул во 120. минута (ВИДЕО)

По 120 минути игра Манчестер јунајтед со 4-3 го победи Ливерпул и се пласираше во полуфиналето од ФА Купот, победничкиот гол беше постигнат во последната минута.

Објавено на

часот

Сподели

Јунајтед почна подобро, со гол на Мектоминеј во 10. минута дојде до водство од 1-0.

Но со голови на Мекалистер и Салах во финишот од првото полувреме, Ливерпул го сврте резултатот и поведе со 2-1.

Тој резултат беше актуелен сѐ до 87. минута кога Антони постигна гол за израмнување на 2-2. Тоа беше и конечниот резултат по 90 минути игра па натпреварот отиде во продолженија.

Во 105. минута Елиот постигна гол и го врати водството на Ливерпул, сега од 3-2.

По седум минути игра во второто продолжение Рашфорд постигна погодок за израмнување на 3-3.

Се очекуваше дека пеналите ќе го решаваат победникот, но по една брза контра во 120. минута Диало постигна гол за победа на Манчестер јунајтед од 4-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ