Иако веќе беше доцна, организаторот реши мечот меѓу Ѓоковиќ и Мусети да почне. Тогаш беше 22:37 часот.
Српскиот тенисер добро почна, го доби првиот сет со 7-5 и имаше водство во вториот со 4-1, но Мусети успеа да се врати, го врати загубениот сервис, па во тајбрејкот победи со 8-6 и израмни на 1-1 во сетови.
Следуваше најдобриот сет на Мусети, Италијанецот го доби со 6-2 и поведе со 2-1 во сетови.
Но, Новак Ѓоковиќ многупати покажал дека знае да се врати од негатива, така беше и овојпат. Србинот го крена нивото, ги доби следните два сета со 6-3 и 6-0 и го доби мечот кој траеше до 3:07 минути по полноќ.
Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра против Аргентинецот Серундоло.