Под раководство на лекторката Рената Пенчова студентите ги рецитираа песните „Глаголица“ од Анте Поповски, „Букви“ од Гане Тодоровски, „Везилка“ од Блаже Конески, „Раѓање на зборот“ од Ацо Шопов…
На настанот се приклучија и припадниците на македонската заедница, која живее и работи во Пекинг и професорката Јасмина Џуровска-Блажеска, професор по математика и природни науки во Меѓународното училиште Чинхуа.
За време на настанот се интерпретираа и македонските народни песни како „Македонско девојче” „Јовано Јованке” и „Назад, назад Калино моме”.