Повод за одржување на крводарителската акција е претстојното 61. издание на Манифестацијата Рацинови средби во Велес
Како што потенцира Орце Николов, секретар од Црвениот крст, Општинска организација Велес, со дарувањето крв велешките крводарители дадоа свој придонес за јавното здравје.
„Како што Рацин стана бесмртен со своејата поезија, така и велешките крводарители со даруваната крв ќе спасат нечиј живот во опасност, со својата хуманост и тие стануваат бесмртни. Им благодариме на сите што денеска ни се приклучија во акцијата“, потенцира Николов.