Косовската полиција денеска ги приведе Бедри Шабани и Мухарем Ќерими под сомневање дека биле соработници ан БИА, српската разузнавачка служба. Шабани е од Урошевац, поранешен вработен во косовската царина и татко на новинарот Зекирија Шабани, сопственик на порталот Факте плус, а до лани бил уредник и во телевизијата АТВ. Зекирија Шабани беше многу активен во изборната кампања во Македонија, на страната на коалицијата Вреди, пренесоа косовските медиуми, кои додаваат дека Шабани ја подготвил изборната кампања за Африм Гаши, новиот претседател на Собранието на Македонија.
Бедри Шабани и Мухарем Ќерими веќе се во притвор од 48 часа, соопшти Специјалното обвинителство на Косово.