среда, 23 октомври 2024

Во Кина срушен температурен рекорд од пред 64 години, измерени -52,3 степени Целзиусови

Температурите го соборија рекордот од пред 64 години во далечниот западен кинески регион Ксинџијанг, спуштајќи се до минус 52,3 степени Целзиусови во услови на студен бран, предизвикувајќи прекини во сообраќајот по лунарниот новогодишен празник, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неколку делови на Кина се борат со уште еден студен бран додека луѓето се враќаат од еднонеделните прослави на најголемиот празник во годината. Непосредно пред почетокот, снежните бури и ледениот дожд заробија патници на железниците и патиштата.

Државните медиуми објавија дека во неделата, населбата Туерхонг во округот Фујун ја забележала најниската температура од почетокот на мерењата во Ксинџијанг, надминувајќи ја температурата од минус 51,5 степени Целзиусови забележана на 21 јануари 1960 година.

Бројката беше само малку под најниската национална температура од минус 53 Целзиусови степени во градот Мохе, во североисточната провинција Хеилонгџианг, на 22 јануари минатата година.

За време на неколкудневниот студ и снег, во регионот на Алтај биле зафатени 853 километри патишта, објави ЦЦТВ, што ги натерало властите на автопатот да испратат 47 возила и 86 спасувачи да го расчистат снегот во текот на ноќта.

Податоците од Министерството за транспорт покажаа дека регионите на Внатрешна Монголија и Ксинџијанг, заедно со провинциите Лиаонинг, Џилин и Хеилонџијанг, затвориле 43 патишта и 623 патарини, објави ЦЦТВ во понеделникот.

Националната метеоролошка служба го подигна своето предупредување за услови на студено време на второ највисоко ниво, според весникот Глобал Тајмс, со очекуван драматичен пад на температурите низ целата земја до четврток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ