Констатирано е неиздавање фискални сметки, непоседување книги за дневни финансиски извештаи, неприкажување промет од македонски производи и неевидентирани парични средства и непочитување на одредбите од Законот за заштита од пушењето.
Полицијата при контрола во еден угостителски објект пронајде остатоци од прашкаста материја, а при преглед кај едно лице пронајдено е и одземено пакување со кокаин и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.