Горан Таневски по објавувањето на сингловите „Wish a man” и „Среќен ден”, го објави албумот „Ascend”, кој е веќе достапен на стрим сервисите. Неодамнешниот соло проект на Горан, „Ascend“, го означува првиот албум од трилогијата „Среќен сум дури и без себе”, одраз на неговите сопствени животни фази, појаснија од Домот на културата.
Оттаму нагласија дека „Ascend“ ја доловува енергичната суштина на младоста, каде што идеализмот и имагинацијата се среќаваат со реалноста на животот.
„Ова дело ги поканува слушателите да се поврзат со темите на издржливост, верба во себе и непопустливиот дух на младоста, недопрени од илузии за ‘брз живот’ или морален компромис, повик да го зачуваме интегритетот на духот, држејќи се до нашите соништа и вредности#, велат од Домот на културата.