„Во угостителски објект во с. Јурумлери, кај едно лице пронајдена е марихуана и лицето е лишено од слобода. Од трудова инспекција изготвен е записник за нерегистрирана дејност, поради непоседување на документација за угостителскиот објект“, наведуваат од МВР.
Во угостителски објект во село Илинден, пак, полицијата затекнала 11 малолетници, при што е утврдено дека дел од малолетниците се послужени со алкохол, за што, како што се посочува, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Од страна на трудова инспекција изготвен е записник дека дел од вработените не се пријавени согласно Законот за работни односи, стои во соопштението.