недела, 15 декември 2024

Во истрагата за Судскиот совет, МВР постапи по насока на обвинителството, вели министерот Тошковски

Постапено е по насока на надлежен јавен обвинител, цениме дека сме во премногу рана фаза за да навлегуваме во детали, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со истрагата во Судскиот совет.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за постапување на МВР по наредба на јавен обвинител, кажа Тошковски.

„По добиени информации од МВР каде постојат индиции за одредени незаконитости, а по донесена наредба од јавен обвинител, е постапено од страна на МВР“, истакна министерот.

На прашањето од кого е допрениот глас, дали од свиркач или од премиерот, Тошковски одговори дека со тоа не е запознаен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ