среда, 15 јануари 2025

Комунална хигиена: Сијаличките во Центар се поставени на височина под законскиот миниум

Невистинити се тврдењата на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, кој изјавил дека дека Јавното претпријатие (ЈП) Комунална хигиена-Скопје го уништувало тоа што општината го украсила. Камионот на Комунална хигиена кој го подигнува отпадот во општината Центар, не искинал светилки на сообраќајницата во општина Центар, туку тие се поставени под законски утврдениот минимум од 4,7 метри височина, се наведува во реакцијата на Комунална хигиена откако претходно денеска Герасимовски обвини дека камиони на ова градско претпријатие го уништува тоа што општина Центар го украсила.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Градоначалникот треба да знае дека истото комунално возило на истата таа траса собира отпад веќе 10 години, возилото е високо 3 метри и никогаш не би имало проблеми доколку каблите што ги поставила општината Центар се монтирани соодветно законски на височина од 4,7 метри. Наместо да го обвинува јавното претпријатие, градоначалникот Герасимовски треба да побара одговорност, и материјална и кривична, од фирмата која од општината зема илјадници евра, а ги загрозува безбедноста во сообраќајот и воопшто безбедноста на скопјани“, велат од Комунална хигиена..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ