петок, 25 октомври 2024

Во Индија е најавено спроведување на Законот за државјанство кој ги исклучува муслиманите

Индиската влада усвои контроверзен закон за државјанство за кој критичарите велат дека ги дискриминира муслиманите. Одлуката за спроведување на законот е донесена само неколку недели пред премиерот Нарендра Моди да излезе на општи избори, пишува Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Законот за измени на државјанството, предложен од владата на Моди, ја направи религијата основа врз основа на која може да се стане индиски државјанин.

Според законот, на хиндусите, парсиите, сиките, будистите, џаините и христијаните кои влегле во Индија од Пакистан, Авганистан и Бангладеш пред декември 2014 година, им е дозволено брзо стекнување на индиско државјанство. Меѓутоа, на муслиманите не им било дадено истото право.

Иако законот првично бил усвоен во декември 2019 година, неговата примена била одложена по големите протести и немири за време на кои биле уапсени илјадници, а биле убиени повеќе од 100 луѓе.

Многу адвокати, активисти и граѓани кои излегоа на улиците изразија загриженост дека новиот закон ги поткопува секуларните основи на Индија, како што е предвидено во уставот, и ја легитимизира дискриминацијата на муслиманите според законот.

Владата на хиндуистичката националистичка партија Бхаратија Џаната (БЈП) вети дека законот ќе стапи на сила пред изборите, кои се очекуваат во средината на април. Според предвидувањата, Моди најверојатно ќе освои трет мандат на изборите.

Министерството за внатрешни работи доцна синоќа соопшти дека законот стапил на сила. „Овие правила ќе им овозможат на малцинствата кои се прогонувани на верска основа во Пакистан, Бангладеш и Авганистан да добијат државјанство во нашата земја“, рече министерот за внатрешни работи Амит Шах.

По објавувањето, Амнести интернешенел рече дека се работи за „дискриминаторски закон што се коси со уставните вредности на еднаквост и меѓународното право за човекови права“. Силни безбедносни и паравоени сили се распоредени низ североисточниот дел на Делхи, местото на континуирани протести против законите од 2019 и 2020 година.

Многумина меѓу 200-те милиони индиски муслимани стравуваат дека законот е претходник на националниот регистар на граѓани што може да ги остави без државјанство. Многу сиромашни Индијци немаат документи со кои би ја докажале својата националност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ