среда, 25 декември 2024

Во Хрватска во јануари почнува законската процедура за враќање на задолжителниот воен рок

Во Хрватска во јануари следната година, по претседателските избори, ќе почне законската процедура за враќање на задолжителното служење на воениот рок, а првите повици на воените обврзници се очекуваат кон средината на 2025 година, соопшти министерството за одбрана на Хрватска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хрватска во 2008 година привремено го суспендираше задолжителното служење на воениот рок и од тогаш се служи само доброволно.

„Министерството за одбрана подготви законски предлози со кои се регулира основната воена обука, како и други прашања во врска со спроведувањето на воениот рок“, го пренесува ХРТ одговорот на министерството на прашањето на државната новинска агенција Хина.

Министерот за одбрана Иван Анушиќ кажа во септември дека воените обврзници ќе бидат сместени на три локации.

„Потенцијалот е меѓу 17.000 и 18.000 момчиња кои секоја година ќе навршуваат 18 години и кои се нашите идни кандидати за служење на основната воена обука“, кажа Анушиќ тогаш во касарната во Бјеловар.

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, кој е и врховен командант на оружените сили, не се спротивстави на воениот рок. Меѓутоа, тој бара за таа тема да се разговара на седница на Советот за одбрана.

И во соседна Србија во 2025 повторно ќе биде воведен задолжителниот воен рок кој беше укинат на 1 јануари 2011.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ