сабота, 19 октомври 2024

Во градинкa со три дози дитепер вакцина и задолжителна ревакцина за шест месеци

Децата кои имаат примени три дози вакцина дитепер против пертусис (голема кашлица) од денеска може да одат во градинка со услов за ревакцина во наредните шест месеци. Стапи во сила одлуката што во петокот ја донесе Министерството за здравство, по препорака на Комисијата за заразни болести која следуваше по различните толкувања на забраната за прием на невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца и прогласената епидемија на голема кашлица во Скопје.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ) минатата недела изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ градинки во кои, како што информираше директорката Рената Младеновска, утврдено е дека се почитува решението за забрана за прием на нецелосно или делумно вакцинирани деца.

Податоците на ДСЗИ покажуваат дека за разлика од Скопје каде околу 50 отсто не се вакцинирани со ДТП, во внатрешноста е значително повисок процентот на вакцинирани и изнесува над 95 проценти.

Од 15 март во државава се достапни и вакцини против пертусис и за возрасни и како што информираше Министерството за здравство граѓаните  можат да се  обратат во вакциналните пунктови.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 8 до 14 март се регистрирани нови 43 случаи на голема кашлица, со што бројот на заболени достигна 216.

„По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – 190 или 88 проценти во четиринаесет различни општини, осум лица се од Тетово, петмина живеат во Куманово, во Гостивар три и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и од Кочани, покажуваат податоцоте на ИЈЗ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ